Експлозија во фабрика за муниција во Чачак, работниците спасувале жива глава (ВИДЕО)

Од силните детонации градот се тресел скоро два часа, а засега нема информации за човечки жртви и за материјалната штета.

351

Во српскиот град Чачак ноќеска околу еден часот по полноќ се случила експлозија во компанијата А.Д. „Слобода“ во делот каде што се произведува муниција.

Од силните детонации градот се тресел скоро два часа, а засега нема информации за човечки жртви и за материјалната штета.






Градоначалникот на Чачак, Милан Тодоровиќ, за РТС изјави дека нема жртви и повредени.

Тој вели дека околу 60 работници работеле во третата смена и дека сите биле веднаш евакуирани, а околу 2,30 часот биле евакуирани четворица работници кои од експлозиите се засолниле во подрум од фабриката.

Поврзани содржини