Експлозија во болница за воени ветерани во САД, најмалку двајца загинати

Според информацијата на американските медиуми, загинатите не биле пациенти.

179

Најмалку две лица загинаа, а едно се води како исчезнато во експлозија во болница за воени ветерани во американската држава Конектикат.

Според информацијата на американските медиуми, загинатите не биле пациенти.






До експлозијата дошло во делот кој се користи за одржување на болничкиот комплекс Вест Хејвен.

Локалните медиуми јавуваат дека од зградата се гледа густ чад, а истражителите велат дека не е терористички чин.

Гувернерот на Конектикат, Нед Ламонт, изјави дека првичните  „индикации се дека експлозијата е предизвикана од цевка за пареа“.

Поврзани содржини