🎥 ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЛИЗИНА НА ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО БЕЛГРАД Се запалил автомобил во движење, нема повредени
Случајни минувачи јавуваат дека се слушнала силна детонација и над местото на инцидентот видлив е густ црн чад
Утрово во близина на трговскиот центар на Бањица во Белград одекнала експлозија од запален автомобил, објави Нова.рс.
Засега не е познато како дошло до експлозијата. Според неофицијалните информации што ги објавија српските медиуми, возилото се запалило додела се движело по булеварот.
Случајни минувачи јавуваат дека се слушнала силна детонација и над местото на инцидентот видлив е густ црн чад.
Според првичните информации, во експлозијата во Белград нема повредени.
View this post on Instagram