Експлозија уништи цел трговски центар во Русија, се трага по жртви (ВИДЕО)
Експлозијата се случила во 7 часот и 24 минути по локално време, што значи дека трговскиот центар сè уште не бил отворен за јавноста. Сепак, не е познато дали имало вработени во моментот на несреќата.
Утрово се случи силна експлозија во Владикавказ на југот на Русија, во која беше уништен цел трговски центар.
Локалната служба за спасување трага по повредените. Портпарол за „РИА Новости“ изјави дека несреќата најверојатно е предизвикана од експлозија на шишиња со кислород во подрумот на објектот.
Експлозијата се случила во 7 часот и 24 минути по локално време, што значи дека трговскиот центар сè уште не бил отворен за јавноста. Сепак, не е познато дали имало вработени во моментот на несреќата.
Спасувачките екипи трагаат по можни жртви
Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека спасувачите минуваат низ урнатините во потрага по можни жртви.
Еден златар кој има продавница во трговскиот центар рекол дека тој бил на работа за време на експлозијата и дека таа го фрлила на подот, но дека тој подоцна станал и успеал да избега на сигурно.
Ирбек Томаев, заменик-премиер на руската република Северна Осетија-Аланија, каде што се наоѓа Владикавказ, рече дека засега се чини дека нема сериозни повредени.
– Спасувачките служби бараат можни жртви. Ја расчистуваме областа и остатоците. Засега нема извештаи за жртви – изјави Томаев пред новинарите.
Не е исклучена можноста да станува збор за терористички напад
Истражителите со помош на сонди се обидуваат да утврдат дали причината за експлозијата е кривично дело, како што е тероризмот.
Во последните години имало голем број терористички напади во Владикавказ, вклучително и самоубиствен напад во 2010 година кога на главниот пазар на градот беа убиени 17 лица, а над 160 беа повредени.