ЕКСПЛОЗИЈА ШТО НЕ УСПЕА ДА ГО УНИШТИ ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР Граѓаните го вратија духот на своето светилиште

Во организација на дневниот весник „Дневник“ и на Светскиот македонски конгрес, на 28 август 2001 година, седум дена по експлозијата, разурнатиот манастирот беше посетен од голема група граѓани и над урнатините беше одбележан празникот Успение на Пресвета Богородица.

1,279

На денешен ден, 21 август 2001 година, околу 3 часот изутрина силна експлозија речиси до темел ја уништи црквата „Свети Атанасиј“ во Лешочкиот манастир, најголемото христијанско светилиште во Тетовскиот регион.

Манастирот е сместен во природен амбиент, во близина на селото Лешок, на надморска височина од 610 метри. Во манастирскиот комплекс се наоѓаат црквите „Свети Атанасиј“ и “Света Богородица“, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчинович, еден од најпознатите македонски преродбеници од 19 век.






Во манастирските конаци има и параклис посветен на светите Кирил и Методиј, додека надвор од манастирскиот комплекс има стара црква посветена на Атанасиј Александриски, позната како Стар манастир.

Манастирот за првпат е основан во 1.321 година од страна на епископот полошки Антониј. Комплетното заживување кое е видливо и денес се должи на доаѓањето на Кирил Пејчинович од Света Гора во 1818 година, кога се обновени манастирските конаци и е основана манастирската библиотека. Во тоа време Лешок прераснал во книжевен и просветен центар.

Со минирањето, од манастирската црква „Свети Атанасиј“ остана само нартексот од западниот дел и скоро целиот западен ѕид од наосот.

Во организација на дневниот весник „Дневник“ и на Светскиот македонски конгрес, на 28 август 2001 година, разурнатиот манастирот беше посетен од голема група граѓани и над урнатините беше одбележан празникот Успение на Пресвета Богородица. И покрај предупредувањето од владата и од претставници на меѓународните организации дека манастирскиот комплекс и пристапот до него е миниран и дека одговорноста паѓа на организаторите и на учесниците во настанот, конвој од автобуси и стотина возила на 28 август 2001 година во утринските часови замина кон Лешочкиот манастир. Полициски возила го следеа конвојот до Тутунскиот комбинат во Тетово, а оттаму автобусите и возилата продолжија кон Лешочкиот манстир без полициска придружба. Празникот беше достојно одбележан.

Црквата „Свети Атанасиј“ беше реконструирана со истиот камен користен во нејзината првична изградба. Камењата беа сочувани и нумерирани со помош на националниот Институт за заштита на културното наследство, кој направи детална студија за проектот. Обновата на ѕидот и фасадата се изврши со донација од 410.000 евра од Европската агенција за реконструкција во Македонија.

Преосветувањето на Црквата „Свети Атанасиј“ се изврши на 14 октомври 2007 година, на празникот Успение на Пресвета Богородица, кога МПЦ прославуваше 40 години од возобновувањето на нејзината автокефалност.

Манастирот досега двапати е рушен. Првпат во 1690 година Османлиите го разурнале целиот комплекс, сосе црквите. Вторпат манастирот беше кренат за време на војната во 2001 година, од страна на до денес непознати сторители.

Поврзани содржини