ЕКСПЛОЗИЈА НА ЈУГОТ НА РУСИЈА, БЛИСКУ ДО КРИМ Огромен кратер во близина на воздухопловна база

Инцидентот се истражува и засега не се знае дали станува збор за украински напад.

366

Голема експлозија ја потресе областа Краснодар во јужна Русија, во близина на воздухопловна база.

Како што пренесува Aл Џазира Балканс, сликите на платформата за пораки Телеграм покажуваат голем кратер во градот Приморски-Ахтарск и облак од чад.






Градоначалникот на Краснодар Вениамин Кондратиев изјави дека инцидентот се истражува и дека нема жртви.

Краснодар излегува на брегот на Азовското Море и е блиску до Крим, кој Русија незаконски го анектираше од Украина во 2014 година.

Поврзани содржини