Експлозија на коронавирусот во Македонија, позитивни се дури 21 отсто од тестираните

11,733

Загрижувачки се бројките на новозаразени од ковид-19 во последните 24 часа во Македонија, ако се има предвид дека денеска се регистрирани дури 176 нови случаи, и тоа на спроведени само 870 тестирања.

Денешните бројки на новозаразени, како што коментираат здравствени работници, покажуваат дека, заразата во земјава експлодира, наспроти очекувањата на здравствените власти и најавите дека е можно стабилизирање на состојбата.






Дента, кога на Инфективната клиника почна да работи и монажната болница, министерот Венко Филипче рече дека „овој наплив во болниците треба да се издржи,“ по што се очекува намалување на бројот на хоспитализирани пациенти.

Од новодијагностицираните најмногу се регистрирани во Скопје  61, Куманово 8, Дебар 1, Штип 14, Прилеп 5, Тетово 22, Струга 19, Велес 5, Битола 3, Охрид 14, Гостивар 7, Струмица 1, Кочани 2, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Пехчево 1, Кичево 6, Ресен 5.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле има 19 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 129 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 80 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.080, бројката на оздравени пациенти е 2.315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.479.

 

Поврзани содржини