📽️ ЕКСПЛОЗИЈА НА ГАС СРАМНИ ДВЕ ЗГРАДИ СО ЗЕМЈА Катастрофа во Истанбул, спасувачи копаат по преживеани

Експлозија поврзана со природен гас урна две згради во Фатих, спасувачите трагаат по лица затрупани под урнатините.

597

Тревога во Истанбул откако две згради се урнаа во населбата Фатих, а спасувачките служби започнаа обемна операција за пребарување на преживеани под урнатините.

Според информациите на турските медиуми, уривањето најверојатно е предизвикано од експлозија поврзана со природен гас.






Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, соопшти дека според првичните проценки девет лица биле заробени под урнатините. Седум лица се пренесени во болница и се во стабилна состојба, додека две лица сѐ уште се водат како затрупани.

 

На терен веднаш пристигнале бројни спасувачки екипи, противпожарни единици и амбулантни возила, а акцијата за спасување е во полн ек.

Градските власти во Истанбул информираа дека експлозијата се случила во недела околу пладне, во зграда на улицата Ебе, во населбата Ајвансарај, во општина Фатих.

По експлозијата, се урнале две соседни згради кои биле изградени една до друга.

На местото на несреќата веднаш биле испратени екипи на АФАД, пожарникари и медицински тимови, кои започнале со пребарување на урнатините.

 

Според официјалните информации, од пет лица за кои се верувало дека се заробени, три биле спасени и пренесени во болница, додека спасувачките напори продолжуваат за уште две лица кои остануваат под урнатините.

Првичните проценки укажуваат дека станува збор за постари објекти, што дополнително се разгледува како можен фактор за уривањето.

Спасувачите работат со специјална опрема низ урнатините, додека на терен постојано се носат носилки, подготвени за итна интервенција.

Во спасувачката акција активно се вклучени и жителите од околните згради, кои им помагаат на службите во расчистување на урнатините и во потрагата по евентуално затрупани лица.

Поврзани содржини