(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА НА БЕНЗИНСКА ПУМПА ВО ДАГЕСТАН Загинаа 27 лица меѓу кои и 3 деца

Експлозијата се случи во регионалниот главен град Махачкала, на брегот на Каспиското Море, во 21.40 часот по локално време.

113

Најмалку 27 лица меѓу кои и 3 деца загинаа во експлозија и пожар на бензинска пумпа во Дагестан на југот на Русија.

Експлозијата се случи во регионалниот главен град Махачкала, на брегот на Каспиското Море, во 21.40 часот по локално време.






Околу 260 работници на итната помош се на терен, а тешко повредените се пренесени во Москва, соопшти Министерството за вонредни ситуации.

Пожарот се проширил на површина од 600 квадратни метри и постои опасност од дополнителни експлозии.

Неименуван сведок, цитиран од рускиот весник „Известија“, изјави дека пожарот избувнал на паркингот спроти бензинската пумпа.

-По експлозијата, сè ни се урна. Друго не можевме да видиме – рече сведокот.

Рускиот истражен комитет соопшти дека пожарот избувнал за време на некои работи за одржување на автомобилот и бил „проследен од експлозија“.

Поведена е кривична постапка за утврдување на околностите кои довеле до инцидентот, соопшти Комитетот.

Поврзани содржини