📽️ ЕКСПЛОЗИЈА ГО ЗАТРЕСЕ ЛОС АНЏЕЛЕС Загинаа тројца заменици шерифи, можно е терористички напад
Експлозијата се случила кратко пред 7:30 часот по локално време во објект познат како Центар за обука Бискаилуз, кој се наоѓа на Истерн Авенју.
Најмалку тројца заменик-шерифи беа убиени во петок наутро во силна експлозија во Центарот за обука на шерифската канцеларија во округот Лос Анџелес, потврдија полициски извори.
Експлозијата се случила кратко пред 7:30 часот по локално време во објект познат како Центар за обука Бискаилуз, кој се наоѓа на Истерн Авенју. Во базата се сместени специјалните сили на шерифската канцеларија, вклучувајќи го и одделот за противпожарна заштита и експлозиви и тимот за деактивирање бомби, според ЛА Тајмс.
🚨 BREAKING: There was just a deadly explosion at the Los Angeles County Sheriff Department training facility in eastern LA
3 are reportedly dead, per Fox
“Blow out several vehicle windows…”
It reportedly happened next to a Bomb squad vehicle
— Eric Daugherty (@EricLDaugh) July 18, 2025
Властите веднаш започнаа истрага, но причината за експлозијата сè уште не е позната.
Според извори на Лос Анџелес Тајмс, експлозијата се случила кога тимот за деактивирање бомби преместувал некои експлозивни направи. Тимот за експлозиви на ЛАПД исто така бил испратен на местото на несреќата за да провери за други опасни направи и да ја обезбеди областа.
Целата област била евакуирана од безбедносни причини. Службениците ја покриле областа погодена од експлозијата со огромен чаршаф, а на околу 25 метри од зградата, експлозијата ги разнесе прозорците на службен теренец.
Голем број безбедносни сили остануваат на местото на настанот, а јавноста се замолува да биде трпелива додека трае истрагата.