ЕКСПЛОЗИЈА ГО РАЗБУДИ ПРИЛЕП Фрлена бомба во двор, фасадата оштетена, се истражува мотивот
Случајот го пријавил 49-годишниот М.В. од Прилеп, кој информирал дека по фрлањето на експлозивната направа настанал пожар и била предизвикана материјална штета, поточно оштетување на фасадата на објектот.
Вчера во 7:13 часот во полициската станица во Прилеп бил пријавен сериозен инцидент во кој, според пријавата, била фрлена експлозивна направа во двор на куќа на улицата Никола Каранџулов во Прилеп.
Случајот го пријавил 49-годишниот М.В. од Прилеп, кој информирал дека по фрлањето на експлозивната направа настанал пожар и била предизвикана материјална штета, поточно оштетување на фасадата на објектот.
На местото на настанот излегле полициски службеници и увидна екипа од ОВР Прилеп, а за инцидентот бил известен и јавен обвинител.
Во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.