Во полицијата во Кичево вчера во 11.30 часот било пријавено дека Р.М.(57) од Кичево која во својот дом на улицата Влашки пат, менувала стара со нова 12-литарска плинска боца, предизвикала експлозија.
Жената се здобила со повреди и била пренесена во Општата болница во Кичево за укажување на помош.
Увид на местото извршија полициски екипи, соопшти МВР.