Експлодира цистерна во Нигерија, 23 загинати (Вознемирувачко видео)

Засега не е позната причината за несреќата, иако првите откритија од истрагата укажуваат на можен дефект на сопирачките. Пожарот по експлозијата зафатил уште девет возила.

733

Дваесет и три лица, меѓу кои и деца, загинаа кога камион цистерна со нафта се преврте и експлодира недалеку од автобуска станица во централна Нигерија, соопштија службите за итни случаи.

Меѓу жртвите има и вработени и студенти на државниот политехнички универзитет Коги во централниот град Локоџи, лоциран во близина на местото на несреќата, соопшти федералната агенција за безбедност на патиштата. Убиено е и петчлено семејство и деца на училишна возраст.






Четири жртви „изгореа до непрепознавање“.

Засега не е позната причината за несреќата, иако првите откритија од истрагата укажуваат на можен дефект на сопирачките. Пожарот по експлозијата зафатил уште девет возила.

Во Нигерија, честите сообраќајни несреќи се предизвикани од лошата состојба на патиштата и на возилата, прекумерната брзина и возењето под дејство на алкохол.

Во јуни 2018 година, 11 лица загинаа, а 54 возила се запалија кога се преврте цистерна со нафта во Лагос.

Поврзани содржини