Бомба експлодираше вечерва пред објектот во кој се наоѓаат канцелариите на грчката компанија Hellenic train во центарот на Атина, а на експлозијата и претходеа два предупредувачки телефонски повици во два медиуми.
Анонимно лице се јавило во информативниот портал „Зугла“ и во весникот „Ефимерида тон синдактон“ и дало временски период од 35 – 40 минути и потенцирало дека не станува збор за фарса.
По телефонските повици, полицијата го евакуираше просторот и го затвори булеварот што е пред објектот и во експлозијата немаше повредени.
Неофицијално бомбата била поставена во чанта, а засега нема информација за тоа кој стои зад експлозивниот механизам. с