Експерти го објаснуваат појавувањето на „ковид-рака“ и што треба да се прави

Не е пријатно, но поради ова не би спречила да ја добиете вакцината - рече д-р Елизабет Хаусменд.

757

Случаите  таканаречени „ковид-рака“ се појавуваат сè повеќе, бидејќи кај некои вакцинирани лица се појавува црвенило и оток на раката, неколку дена по приемот на дозата против коронавирусот.

Американското здружение на дерматолози отвори регистар за здравствени работници со цел да ги разберат „дерматолошките манифестации“ на коронавирусот, објави здружението.






Д-р Елизабет Хаусменд, дерматолог од Тексас, за локалната телевизија „KXAS“ изјави дека отокот и црвенилото може да траат неколку дена по убодот, што значи дека се јавува имунолошки одговор, објави „Њујорк пост“.

– Не е пријатно, но поради ова не би спречила да ја добиете вакцината – рече таа.

Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) објавија на својата веб-страница дека вообичаени несакани ефекти се болка и оток на местото на убодот, а некои добиваат треска, температура, омалаксаност или главоболка.

„CDC“ советува да се постави чиста, ладна крпа на местото на убодот и препорачува да се вежба со таа рака за да се намали непријатноста.

Оние кои доживуваат зголемување на црвенилото на местото на инјектирање 24 часа по вакцинирањето, кое не поминува со денови, треба да разговараат со своите лекари, додава „CDC“.

Поврзани содржини