Експерти: Деца под две години да не носат заштитни маски

Јапонската асоцијација на педијатри им советува на родителите да не им ставаат заштитни маски на децата под две години, затоа што тоа им го отежнува дишењето и го зголемуваат ризикот од задушување.

229

Медицински експерти предупредуваат дека носењето маски кај деца под двегодишна возраст не се препорачува затоа што може да предизвика проблеми со дишењето и да го зголеми ризикот од задушување, пренесува Би Би Си.

Јапонската асоцијација на педијатри им советува на родителите да не им ставаат заштитни маски на децата под две години, затоа што тоа им го отежнува дишењето и го зголемуваат ризикот од задушување.






Покрај тоа, децата имаат потесни дишни патишта, што го става нивното срце под потежок товар кога дишат преку заштитна маска, се укажува на веб-страницата на здружението.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести, исто така, смета дека децата под две години не треба да носат маски.

Поврзани содржини