Експерт на Владата во Бразил убиен со отровна стрела од племе ФОТО

479

Службеник на Владата во Бразил и водечки експерт за амазонски изолирани племиња бил убиен од стрела што го погодила во градите, откако се приближил до племето што сакал да го заштити, јавува „Ројтерс“.

Риели Францискато (56) ја поминал целата своја кариера како службеник во државната агенција за племенски заедници во Фунаи, каде што работел на воспоставување резервати за заштита на племињата кои немаат контакт со надворешниот свет.






Кога се приближувал кон племенската заедница што живее во близина на резерватот Уру Еу Вау Вау на границата со Боливија, тој бил погоден со стрела. Тоа се случило во средата.

– Тој врисна, ја извлече стрелата од градите, истрча 50 метри и падна мртов – рекол полицаецот кој ја следел експедицијата во аудио-снимката објавена на социјалните мрежи.

Невладината организација Канинде, чиј ко-основач е Францискато во 80-тите години на минатиот век, рече дека племенските заедници не ги разликуваат пријателите од непријателите од надворешниот свет.

Неговата смрт се случи во време кога домородните заедници во Бразил се особено ранливи поради илегалните дрвокрадци и рударите на злато кои се охрабрени од политиката на десничарскиот претседател Жаир Болсонар, насочена кон развој на Амазон и намалување на резервите.

 

FOTO: Tviter

Поврзани содржини