Ексградоначалник на Сплит извреѓал новинарка: Будалетинко глупава, јади гомна ВИДЕО

754

Ексградоначалникот на Сплит Жељко Керум брутално ја извреѓал новинарката на „Проверено“ Ема Браница. Таа работејќи на тема за стечајот на хотелот Марјан, телефонски побарала изјава од Керум, а наместо став од ексградоначалникот на Сплит добила лавина навреди.

– Дали вие денес ги испивте таблетите, вие не сте чиста во главата – почнал со навредите Керум.






На прашање на новинарката зошто сето тоаѝ го зборува, Керум продолжил да ја навредува, но сега со уште погрди зборови.

– Веројатно се лечите бидејќи ноќе сте биле пијана или издрогирана, и вас тука ве ангажирале, репортерка која не разбира ни к.., дај, е, види, будалетинко глупава, јади гомна, ти и тој што ти нарачал – ѝ рекол поранешниот градоначалник на Сплит на новинарката, објавено во вестите на Нова ТВ.

Поврзани содржини