ЕКОНОМИЈАТА ЗАБЕЛЕЖА РАСТ ОД 3,4% ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ Најмногу порасна градежништвото за 7,3%

Податоците за растот на БДП за третиот квартал од 2025 година во земјите од ЕУ сè уште не сe достапни. Сепак, прогнозите за целата 2025 година предвидувааат скромен раст. Пролетната прогноза на Европската комисија за 2025 година предвидуваше раст од 1,1% за ЕУ ​​во 2025 година, додека прогнозата на ММФ за јули 2025 година за еврозоната беше 1,0% за годината.

76

Бруто-домашниот производ забеежа раст од  3,4% во второто тримесечје горинава во споредба со истиот период лани, објави Државниот завоз за статистика.

Во второто тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: „градежништво“ од 7,3%, „трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“; „транспорт и складирање“; „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ од 6% и „рударство и вадење на камен“; „преработувачка индустрија“; „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“; „снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“ од 3,9 %.






Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2025 година, номинално расте за 6,1 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 68,5 %.

Во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 6,4 %, а увозот на стоки и на услуги исто така бележи зголемување во номинален износ од 7,3 %.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година во однос на второто тримесечје од 2024 година е 3,2 %.

Бруто-инвестициите бележат пораст, главно, поради зголемувањето на бруто-инвестициите во основни средства.

Во првиот квартал од годинава БДП имаше раст од  3%.

Податоците за растот на БДП за третиот квартал од 2025 година во земјите од ЕУ сè уште не e достапен. Сепак, прогнозите за целата 2025 година предвидувааат скромен раст. Пролетната прогноза на Европската комисија за 2025 година предвидуваше раст од 1,1% за ЕУ ​​во 2025 година, додека прогнозата на ММФ за јули 2025 година за еврозоната беше 1,0% за годината.

Поврзани содржини