„ЕКО АВАНТУРА“ ГИ ОСВОИ НАЈМЛАДИТЕ Повеќе од 30.000 деца ја гледаа едукативната претстава на Изворска Јуниор
Едукативниот театарски караван „ЕКО авантура“ со 120 претстави и повеќе од 30.000 гледачи ја заврши својата прва голема сезона, носејќи еколошки пораки до најмладите.
Едукативниот театарски караван „ЕКО авантура“, реализиран со поддршка од компанијата Кожувчанка, а во продукција на „Продукција Триангл“ и под режисерско водство на Десанка Глигоријевиќ, успешно го заокружи своето прво големо издание.
Во текот на 2025 и почетокот на 2026 година беа изведени 120 претстави, кои ги проследија повеќе од 30.000 деца. Преку театар, игра и интеракција, децата имаа можност на забавен начин да научат за заштитата на животната средина, рециклирањето и значењето на здравите навики, особено редовната консумација на вода.
Големиот интерес и позитивните реакции од децата, воспитувачите и родителите ја потврдија вредноста на проектот и отворија простор за негово понатамошно развивање и создавање нови едукативни концепти наменети за најмладите.
– Нашата цел беше да создадеме претстава што на забавен и разбирлив начин ќе ги доближи важните еколошки пораки до децата. Реакциите на публиката ни покажаа дека успеавме во тоа – изјави режисерката Десанка Глигоријевиќ.
Големиот интерес и позитивните реакции од децата, воспитувачите и родителите отвораат можност за понатамошно развивање на вакви едукативни проекти.
– Големиот интерес и позитивните коментари за „ЕКО авантура“ се наша силна мотивација и натаму да продолжиме со поддршка на едукативни проекти кои се од голема важност за децата и идните генерации – истакна менаџерот за маркетинг и комуникации на компанијата Кожувчанка Митко Јовановски.
Со овој проект, компанијата Кожувчанка уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност особено вложувајќи во најмладите, каде што започнува секоја вистинска промена.