ЕГЗИТ ПОТВРДИ ДЕКА ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Скопје има можност да биде најголема фестивалска дестинација во регионот идното лето
Доаѓањето на Егзит во Македонија беше најавено по средбата меѓу основачот на EXIT Душан Ковачевиќ и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Познатиот регионален фестивал Егзит (EXIT) објави дека во рамки на својата светска турнеја „EXIT Global Tour“ следната година ќе настапи во повеќе земји, меѓу кои и Македонија.
Според објавата на официјалниот Instagram профил на EXIT, првите дестинации за 2026 Exit Global Tour година се Египет, Индија, Малта, Хрватска, Македонија и Србија.
Оваа година, организаторите најавија дека српското издание на EXIT ќе се одржи во ноември, што значи дека во текот на летото нема да има традиционален фестивал во Нови Сад, со што Скопје има уникатна можност да биде најголемата фестивалска дестинација на EXIT во регионот идното лето.
„Започнати се плановите за реализација на фестивалот во Скопје. Големо ни е задоволство што добивме покана Скопје да стане дел од Exit-овото фестивалско семејство. Македонската публика е од првиот ден меѓу најверните на Егзит и затоа сме подготвени, во партнерство со локални организации и музичари, веќе наредната година да започнеме голем фестивал во Скопје“, соопштија претходно организаторите.
EXIT, кој потекнува од Нови Сад, е еден од најпризнатите музички фестивали во Европа и во светот, познат по својата уникатна комбинација на музика, младинска енергија и општествена порака. Само во Србија, фестивалот досега генерирал над 300 милиони евра туристички прилив, а неговите изданија низ регионот се препознаваат по силниот економски и културен ефект.
Доаѓањето на Егзит во Македонија беше најавено по средбата меѓу основачот на EXIT Душан Ковачевиќ и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
View this post on Instagram