📷 ЏЕФ БЕЗОС ВО ЈАВНОСТ СЕ ПОЈАВИ СО КОСА Првпат по 12 години, милијардерот изгледа како друг човек

Се чини дека Џеф Безос почнал да негува нов имиџ. Основачот на „Амазон“, кој почнал да ја бричи главата во 2013 година, се појавил на 10 јули со видливо повеќе коса.

324

Се чини дека Џеф Безос почнал да негува нов имиџ. Основачот на „Амазон“, кој почнал да ја бричи главата во 2013 година, се појавил на 10 јули со видливо повеќе коса.

Џеф бил виден со седа коса додека шеташе низ конференцијата „Ален и Ко. медиуми и технологија“ во Сан Вали, Ајдахо.






Безос бил во друштво на својата нова сопруга Лорен Санчез Безос, со која се ожени кон крајот на јуни на мултимилионска свадба во Италија, исполнета со ѕвезди.

 


Иако 61-годишникот обично има ќелава глава, промените во изгледот не му се непознати. Всушност, во 2023 година, тој предизвика лавина реакции на интернет кога покажа помускулеста фигура на насловната страница на „Вог“.

„Тој е на сосема друго ниво од мене. Тој е чудовиште во теретана“, открила Лорен (55) во придружна статија, објаснувајќи дека таа не може да ги прави истите вежби што ги прави Џеф кога вежбаат заедно.

„Тоа му е толку важно што“, рекла Лорен, „го ‘украде’ од мене Весли Окерсон“, тренер кој работел со Том Круз, Џерард Батлер и Саша Барон Коен.

„Џеф е неверојатно посветен на тренингот. Немате поим. Тој навистина вложува многу труд“, изјавила таа за „Волстрит журнал“ во 2023 година.

Поврзани содржини