ЕДВАЈ ОДИ АМА МУ ГО ПУКНАЛ ЧЕРЕПОТ СО ДАСКА Се степале двајца 90-годишни старци во Лесковац
94-годишниот Ѓ.З. од околината на Лесковац е осомничен дека завчера по кратка расправија со дрвена палка неколку пати го удрил 96-годишниот сосед, а од ударите му го отворил черепот.
Припадници на МВР во Лесковац, Србија, го уапсија Ѓ. З. (94) од околината на Лесковац поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешка телесна повреда.
Тој е осомничен дека завчера со дрвена палка неколку пати го удрил 96-годишниот сосед, по кратка расправија, а од ударите му го отворил черепот на соседот.
На повредениот му била укажана лекарска помош во Општата болница во Лесковац, а потоа е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш.
На осомничениот по надлежност на Основното јавно обвинителство Лесковац одредена му е мерка притвор во траење до 48 часа, а со кривична пријава е изведен во обвинителството.
Двајцата старци и претходно имале несогласувања, но никогаш досега не дошло до физичка пресметка.
– Што да ви кажам, и јас сум изненаден од тоа што слушнав дека се случило. Тие двајца, секој би рекол, едвај одат, но се гледа дека се способни за тепачка. Не знам што им требаше, искрено сум изненаден. Стари луѓе така да се срамотат. Слушнав дека овој е во болница. Не знам како му е, но можам да замислам, бидејќи е многу стар. Замислете да удирате некого со дрвена палка по глава додека не му пукне черепот, навистина страшно. Искрено, овде во соседството сите се изненадени и шокирани. Можеше да го убие својот сосед. Којзнае, можеби малку се напиле, па се расправале и така настанал проблемот. Дај боже старецот да биде добро, кога веќе доживеал толкава старост – вели познаник на старецот.