ЕДНОГЛАСНО ОБЕЗБЕДЕНИ 900.000 ДЕНАРИ И 10 ШЛЕПЕРИ ВОДА Кавадарци, Кожувчанка и Фондацијата Никола Јанчев со донација за настраданите од земјотресите

Едногласно беше одлучено сума од 600.000 денари да биде уплатена на трансакциона сметка добиена од Турската амбасада за настраданите во Туркије, а сума од 300.000 денари да биде уплатена на сметката на Црвен Крст на РСМ со намена за настраданите од земјотресот во Сирија.

174

Веднаш по потресната вест за настраданите од земјотресите во Туркије и Сирија, Советот на Општина Кавадарци и градоначалникот на општината свикаа седница на која се обезбедија 900.000 денари помош!

Општина Кавадарци вчера вечер ја одржа вонредната, шеста по ред седница на Советот на Општина Кавадарци, со цел одобрување на финансиска помош од буџетот на Општина Кавадарци за погоденото население од земјотресот во Туркије и Сирија. На почетокот од седницата советниците со едноминутно молчење оддадоа почит на загинатите во земјотресот.






Едногласно беше одлучено сума од 600.000 денари да биде уплатена на трансакциона сметка добиена од Турската амбасада за настраданите во Туркије, а сума од 300.000 денари да биде уплатена на сметката на Црвен Крст на РСМ со намена за настраданите од земјотресот во Сирија.

На седницата, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев информираше дека на помошта, дополнително ќе се приклучи и Компанијата Кожувчанка од Кавадарци и Фондацијата Никола Јанчев испраќајќи денеска и утре 10 шлепери со вода за пиење за настраданите. Пет шлепери се донација од Кожувчанка и Фондација Никола Јанчев, а 5 од почесниот конзул на Туркије во Битола господинот Ајдован Адемоски.

На крај беше упатен и отворен апел до граѓаните и пред сите, до бизнис секторот, за организирано прибирање на финансиска и материјална помош за настраданите подрачја, со напомена дека по медиумите ќе биде објавен списокот на материјални добра кои се потребни и кои може да се собираат.

Поврзани содржини