ЕДНО НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВО НЕМА ПАРИ ЗА СЕМЕЈНАТА КОШНИЧКА, А ПАРАЗИТИТЕ ЌЕ ЗЕМААТ АПАНАЖА Левица со остра критика кон 36-те пратеници

Според официјалниот став на партијата Левица, дополнителните 7 пратеници кои ќе примаат апанажа се уште еден показател за класната дискриминација во македонското општество.

402

Пред околу две недели собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им одобри апанажа, во траење од една година, на 29 пратеници од минатиот парламентарен состав. Тие на товар на граѓаните, од народниот буџет ќе примаат надоместок од околу 600.000 евра, објави Секторот за медиуми и односи со јавност на ПП Левица.

„На овие 29 системски паразити, кои бесрамно ги цицаат народните пари за време на рекордна сиромаштија, деновиве им се приклучуваат уште 7 пратеници од претходниот состав: Арбен Зибери, Вјолца Адеми и Бедри Фазли од ДУИ, Снежана Калеска – Ванчева и Љатифе Шиковска од СДСМ, Енес Ибрахим од Партија за движење на Турците и Бастри Бајрами од Беса, со што дополнително ќе се исцицаат над 150 000 евра од народниот буџет“, додаваат од Левица.






Според официјалниот став на партијата Левица, ова е уште еден показател за класната дискриминација во македонското општество.

„Ова го претставува последниот од долгата низа на показатели за еклатантна класна дискриминација во македонското општество, во коешто системот функционира, единствено, за задоволување на потребите на богатите економски и политички елити, додека нормално четиричлено семејство не може да ја задоволи ниту минималната синдикална кошничка од 1.000 евра“, се тврди во објавата на Левица.

Левица потсетува дека само нивниот пратеник Борислав Крмов во 2022 година гласаше за укинување на апанажата во Собранието.

„Ја потсетуваме јавноста дека, единствено, пратеникот од редовите на Политичката партија Левица, Борислав Крмов, кој согласно нашата програма и идеолошка определба, како и нашиот предлог-закон за укинување на апанажата предложен уште во 2022 година, а кој беше одбиен од страна на широката коалиција СДС-ДПМНЕ-ВЛЕН-ДУИ, беше единствениот народен пратеник кој гласаше ПРОТИВ“, велат од Левица.

Поврзани содржини