ЕДНО ЛИЦЕ ПОВРЕДЕНО ВО СУДИР НА ТРИ ВОЗИЛА НА ИЗЛЕЗ ОД ОХРИД Сообраќајот беше отежнат
Полицијата ги пренасочуваше возилата наизменично, по една коловозна лента.
Три возила се судрија вечерва кај селото Горенци на регионалниот пат Охрид – Кичево, а едно лице е повредено. Поради несреќата сообраќајот се регулираше наизменично и поради тоа течеше отежнато.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски потврди за Охрид њуз дека едно лице е повредено. На местото на несреќата е извршен полициски увид, како и увид од страна на обвинител. Порталот објави и кусо видео од местото на собраќајната незгода.