ЕДНИОТ ЈА НАТЕПАЛ СОПРУГАТА, ДРУГИОТ БИЛ АГРЕСИВЕН СО ПОЛИЦАЈЦИТЕ Приведени двајца охриѓани
Двајца охриѓани се приведени поради семејно насилство, соопшти СВР Охрид.
На 06.02.2024, полициски службеници од СВР Охрид, го привеле М.С.(54) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во својот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
Истиот ден, во 20.50 часот, е лишен од слобода С.Н.(34) од Охрид кој во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувал кон членови на семејството, а потоа и кон полициските службеници кои презеле службени дејствија.
По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.