ЕДНИ ГО ТЕПАЛЕ, ДРУГИ СНИМАЛЕ Нападнато 13-годишно момче
Насилството се случило пред основно училиште во село Љубош, општина Студеничани.
На 18 ноември во 14:30 часот, Р.К. пријавил дека неговиот 13-годишен син бил физички нападнат на 15 ноември во двор од основното училиште во село Љубош, општина Студеничани. Напаѓачите биле двајца малолетници познати на детето, а друг малолетник го снимал нападот со мобилен телефон.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, а истрагата е во тек.