Едната девојка што почина од ковид-19 била оперирана од тумор на хипофиза, а другата имала проблем со тироидата

3,099

Двете млади пациентки кои починаа во изминатото деноноќие а беа хоспитализирани поради ковид-19 имале претходни заболувања, соопштија од Министерството за здравство.

Дваесет и тригодишната пациентка од Скопје, четири дена имала температура, кашлица и тешко дишење. Била хоспитализирана на 12-ти септември на Инфективната клиника во Скопје. Како тежок пациент веднаш била ставена на кислород. Ден пред да настапи смртта, нејзината состојба се влошила поради пад на сатурацијата, по што била ставена на неинвазивна вентилација. Смртта кај неа настапила нагло. Пациентката имала коморбидитети, опериран тумор на хипофиза и морбус кушинг – ендокринолошко заболување.






Дваесет и деветгодишната струмичанка починала во Клиниката „Жан Митрев“. Според епидемиолошкиот извештај на ИЈЗ, таа имала заболување на тироидната жлезда.

 

Поврзани содржини