„ЕДНАШ ГИ ИЗБРИША МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ, СЕГА ПАК ЌЕ ЛОБИРА“ Жестока реакција од ВМРО-ДПМНЕ за одењето на Филипче во Франција
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека лобирањето на Венко Филипче во Франција е причина за нов политички удар и предупредува на нов „Француски предлог“.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение остро реагира на последното патување на Венко Филипче во Франција, поврзувајќи го неговото лобирање со политичките турбуленции во државата.
„Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна. И откако отиде да лобира за Македонија, очекуваме да видиме каков повторно Француски предлог ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата со нивното лобирање“, стои во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека со нетрпение чекаат да видат како Филипче ќе ги заштити македонските интереси, „откако еднаш веќе ги избриша“.
„Кога Венко Филипче лобира за Македонија и македонските интереси, народот главата го боли цела година потоа“, порачуваат од партијата.