Поради дефект на приклучна цевка ф-1 на улица Ванчо Мицков бб во близина на „Реплек“, општина Карпош, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.
Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 09 часот до завршување со работните активности.