Една сцена од ресторан гo распамети шоубизнисот: Дефинитивно се во врска! ФОТО

2,685

Откако минатиот месец беа видени на вечера во францускиот ресторан „Лусиен“ во Њујорк, некои медиуми и социјалните мрежи објавија за новата романса помеѓу пејачката Селена Гомез (28) и кошаркарот Џими Батлер (31), пишува „Јутарњи лист“.

– Тие дефинитивно изгледаа како да се на рандеву – изјавиле очевидци, пренесува „Пејџ сикс“.






НБА играчот на Мајами Хит, пред Селена беше во врска со манекенката Кејтлин Новак со која ја има и едногодишната ќерка Рајли – се чини дека поранешните партнери останаа во добри односи дури и по раскинувањето, бидејќи Кејтлин беше видена како го слави преминот на тимот на Батлер во финалето на НБА во септември.

Во меѓувреме, Гомез во септември изјави дека пандемијата на коронавирусот целосно ѝ го стопирала љубовниот живот.

Да потсетиме, таа своевремено беше во врска со колегата Ник Џонас, со години беше во бурна врска со пејачот Џастин Бибер, а по него се гледаше со раперот Д Викенд.

Дали има вистина во гласините за романса со кошаркарот, времето ќе покаже – досега ниту Селена ниту Џими не ги потврдија ниту негираа медиумските шпекулации.

Jimmy Butler Spotted on a Date with Selena Gomez

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jimmy Butler (@jimmybutler)

El basquetbolista Jimmy Butler sería novio de Selena Gómez

 

ФОТО: Инстаграм/Твитер

Поврзани содржини