Една рака аронија на ден е ефикасно оружје против малигните клетки

Се ближи бербата на аронија, здрави бобинки кои во своите плодови содржат голема концентрација антиоксиданти па се корисна превентива против малигните заболувања, а ефикасно го прочистуваат организмот од штетни материи, па и од тешки метали.

755

Деновиве почнува бербата на годинешната реколта на аронија која според најновите научни истражувања, во споредба со сите други видови овошје, има најголема концентрација на антиоксиданти, неопходни во борбата против разни болести. Исто така, овие бобинки се полни со флавоноиди кои му помагаат на телото да се бори против алергии, вируси и канцерогени елементи, а докажано спречува и воспаление на уринарниот тракт.

Сибирската аронија спречува формирање на слободни радикали во крвотокот, со што се подобрува циркулацијата и се спречуваат болести како што се дијабетес и разни кардиоваскуларни заболувања, а оние кои страдаат од висок крвен притисок треба да ја вклучат аронијата во нивната исхрана. Таа помага и за подобрување на меморијата, а особено се истакнува нејзиниот корисен ефект врз жолчката и црниот дроб затоа што ги прочистува и овозможува поправилна работа на овие органи.






Со ова, го прочистува организмот од штетните материи и тешките метали, па токму поради ова дејство, после експлозијата во Чернобил ја користеле за да се ублажат последиците од зрачењето.

Инаку, доаѓа од Северна Америка и традиционално, Индијанците ја користеле за лекување на настинките.

Лековитоста на аронијата доаѓа од присуство на бројни минерали и витамини. Аронијата е богата со витамини Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу редок витамин П. Од минералите содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод. Покрај тоа, содржи и редок овошен шеќер сорбитол и. како што споменавме, голема концентрација на антиоксиданти во своите плодови па е затоа корисна превенција од малигни заболувања.

Како исклучителен антиоксидант, аронијата спречува формирање на слободни радикали и нивен „напад“ врз здравите клетки во организмот и крвната плазма, со што се забавува процесот на стареење на организмот и се спречува развој на хронични заболувања.

Многу студии покажале дека аронијата има антиканцерогени ефекти, затоа што „убива“ голем процент на малигни клетки на тумори на мозокот, белите дробови, градите, дебелото црево и црниот дроб.

Можете да ги јадете свежи, а можете да направите и лековит сок од аронија. Рецептот за овој сок побарајте го ТУКА.

Фото: Pixabay

Поврзани содржини