ЕДНА ПЕТТИНА ОД ПОЧИНАТИТЕ, ПОЧИНАЛЕ НА ДЕНОТ НА ПРИЕМ ВО БОЛНИЦА Пулмологот Докиќ за високата смртност на ковид пациентите
Една од причините е и самиот имунолошки систем, доколку има пресилен одговор. Тој е наследен, но на него влијаат и други надворешни фактори, вели Докиќ.
Како една од причините за високата смртност од коронавирусот е тоа што голем дел од пациентите во болница се примаат во многу тешка состојба, вели пулмологот Дејан Докиќ во гостување на телевизија Канал 5.
– Постојат повеќе причини за високата смртност. Пациентите доаѓаат во тешка состојба. Не сите. Од 2.000 лекувани пациенти во период од шест месеци, 381 пациент почина. Од кои една петтина починале истиот ден кога се примени, што значи дека се примени во многу тешка состојба и не може да им се помогне. Тоа е една причина, не е единствена. Една од причините е и самиот имунолошки систем, доколку има пресилен одговор. Тој е наследен, но на него влијаат и други надворешни фактори – рече Докиќ.