ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ТЕНИСЕРКИ ПОБЕГНА ВО САД Атрактивната Италијанка ненадејно ја заврши кариерата
Италијанската финансиска полиција трага по Џорџи и го истражува нејзиното даночно затајување и непријавен приход.
Италијанската тенисерка и една од најубавите спортистки во светот Камила Џорџи (32) ја заврши кариерата, а локалните медиуми откриваат дека зад нејзиното ненадејно збогување може да стојат даночни проблеми.
Италијански весник “Газета дело спорт“ објави дека нејзиното пензионирање не било случајно. Според извештајот, италијанската финансиска полиција трага по Џорџи и го истражува нејзиното даночно затајување и непријавен приход.
Властите исто така ги истражуваат и членовите на нејзиното семејство, вклучително и на нејзината мајка, татко и двајцата браќа, за кои се вели дека имаат „празнини“ во даночните пријави.
Газета тврди дека Џорџи и нејзиното семејство се во бегство и се верува дека се во САД.
#camilagiorgi «evasore totale»: le dichiarazioni dei debiti mancanti e i 6 milioni di euro di guadagni https://t.co/ujOJB0xAxQ
— Leggo (@leggoit) May 13, 2024
Џорџи имаше успешна кариера во која освои четири титули, а нејзиниот најдобар пласман во кариерата и беше 26. место на ВТА листата од 2018 година.
Во таа година таа го постигна својот најголем успех на Грен слем турнирите, кога играше во четвртфиналето на Вимблдон.
Италијанката, која отсекогаш пленела со својата убавина, последен пат беше на теренот во март годинава на Мастерс турнирот во Мајами. Покрај тенисот Камила Џорџи веќе подолго време води и успешна манекенска кариера.
View this post on Instagram
Италијанската убавица на социјалните мрежи редовно објавува фотографии во долна облека за да го промовира сопствениот бренд Џомила. Италијанските медиуми пишуваат дека Џорџи сега целосно ќе се посвети на манекенството и бизнисот со долна облека.