Една од најпознатите манекенки на денешницата, Џиџи Хадид го очекува своето прво дете со славниот пејач Зејн Малик.
Веста прво ја јави американскиот портал ТМЗ, кој пишува дека Џиџи е пет месеци бремена со поранешниот член на бендот „Уан дирекшн“. Поточно, пишува дека е во 20. неделa и дека веројатно сѐ уште не го знае полот бебето.
Како доказ сега се извлекува нејзиното видео, кое настана на прославата на нејзиниот 25 роденден во карантин во куќата на нејзината мајка во Пенсилванија. На видеото Џиџи држи балони со бројот 25, во прегрната со Зејн и нејзината сестра Бела, а како што пишуваат медиумите, под фармерките се насетува стомаче, инаку карактеристично за вита манекенка.
Џиџи и Зејн се во врска од 2015 година, а лани раскинаа на една година. Љубовта очигледна била посилна па се смирија во декември.
Се запознааа на снимањето на спотот за неговата песна „Pillow Talk“, а фотографите ги фатија како заедно заминуваат од забавата на Џастин Бибер.
Џиџи во февруари изјави дека размислува за основање семејство.