ЕДНА НЕДЕЛА ОДМОР ЗА ПОМАЛКУ СТРЕС Најк им порача на вработените да не работат
Во вакви времиња, благодарен сум дека сум дел од овој тим. Во изминативе две години кои се толку различни од сите други, да се земе време за одмор и за рехабилитација е клучно за зачувување на менталното здравје, но и за понатамошна ефикасна работа, вели менаџерот на Најк во објавата.
Најк на сите вработени во корпорацијата овој месец им дава една недела одмор.
Како што јавува CBS News, компанијата се решила на таков потег за вработените да го намалат стресот.
Најавата за слободен ден за вработените во канцелариите на Најк го најавил менаџерот за глобален маркетинг, Мат Марацо.
– Со ова испраќам јасна порака. Земете си време за опуштање, за да се ослободите од насобраниот стрес и за да си поминете време со најсаканите. Немојте да работите – напишал Марацо.
– Во вакви времиња, благодарен сум дека сум дел од овој тим. Во изминативе две години кои се толку различни од сите други, да се земе време за одмор и за рехабилитација е клучно за зачувување на менталното здравје, но и за понатамошна ефикасна работа – додал менаџерот на Најк во објавата.
– Тоа не е само една недела одмор, тоа е признание дека можеме да го ставиме менталното здравје на прво место и натаму да ја работиме својата работа – напишал Марацо.
Најк не е прва компанија која донела таква одлука. Претходно тоа го направи компанијата Бумбле, која на своите вработени, околу 700, им дала еднонеделен одмор за да го спречи синдром на согорување.