Една минимална плата за вработените и отпис на каматите за долговите на комуналните претпријатија

Државата ќе им излезе во пресрет на јавните комунални претпријатија во тековниот кризен период

2,271

Сите заедно пребродивме една тешка сезона и државата чувствува должност да им помогне на јавните комунални претпријатија. Ние тоа ќе го направиме и преку зајакнување на општините преку следниот пакет за децентрализација. Ова е пораката на премиерот Зоран Заев по онлајн средбата со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ, кое ги претставува јавните комунални претпријатија, информира владата.

На средбата се разговарало за состојбата и тековните предизвици со кои се соочуваат јавните комунални претпријатија во земјата и можностите да го одржат квалитетот на услугите кон граѓаните во претстојниот кризен период предизвикан од пандемијата од вирусот ковид-19.






Претставниците на АДКОМ, на чело со претседателот Зоран Георгиев, го запознале премиерот со актуелните проблеми и барања на Здружението на даватели на комунални услуги кои се однесуваат на даночни и друг вид финансиски олеснувања и субвенции со цел да ја подобрат ефикасноста на своето работење.

Заев изразил уверување дека владата, во соработка со државните институции, ќе најде решение за отпис на каматите за долгови што ги имаат јавните комунални претпријатија кон државните институции, а во наредниот период преку еднократна интервентна мерка ќе ги поддржи јавните комунални претпријатија во износ на една минимална плата за вработените.

Поврзани содржини