ЕДНА ЧЕТВРТИНА ОД БРИТАНЦИТЕ ЌЕ ГО ИСКЛУЧАТ ПАРНОТО Најавеното покачување на цената од 9,2% е превисоко за нив

Според анкетата, парното ќе го исклучат 31% од домаќинствата со деца и 39% од корисниците со ниски примања.

235

Новото истражување на Ситизен Адвајс  (Citizens Advice), добротворна организација од Велика Британија, покажува дека секој четврти човек во Британија  ќе биде принуден да го исклучат греењето и топлата вода оваа зима.

Анкетираните изјавиле дека ќе мора да ги преземат овие драстични чекори доколку лимитот на цената на енергијата во Британија се зголеми за предвидената сума од 150 фунти (176 евра), односно за 9,2%.






Според анкетата, парното ќе го исклучат 31% од домаќинствата со деца и 39% од корисниците со ниски примања.

Организацијата предупредува дека без итна интервенција на владата во Лондон, домаќинствата во Британија ќе продолжат да се соочуваат со невозможни избори и драстични намалувања за да си дозволат греење на своите домови.

Според веб-страницата на организацијата, 34% од анкетираните изјавиле дека ќе имаат потешкотии да си дозволат храна или други основни работи како хипотека или кирија во текот на зимата, а 7% рекле дека ќе мора да прескокнуваат оброци.

Поврзани содржини