ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО СООБРАЌАЈКА Се судрија неколку возила на патот Битола-Ресен

428

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во непосредна близина на битолското село Братиндол, на магистралниот пат Битола-Ресен, а како што известија од СВР Битола, едно лице го загубило животот.

Според првичните информации на СВР Битола, во сообраќајката учествувале неколку возила.






Сообраќајот на магистралниот пат на релација Битола-Ресен е во целосен прекин од 20:45 часот и се пренасочува по стариот пат.

Поврзани содржини