Еден загинат и тројца повредени во судирот на четири возила на излезот од Охрид

Причините за незгодата ќе ги утврди увидот што го изврши увидна екипа од СВР Охрид.

316

Едно лица го загуби животот, а три се повредени во сообраќајната несреќа што вчера се случi на излезот од Охрид кон Кичево.

МВР соопшти дека во незгодата учествувале „фолксваген голф“ со охридски регистарски таблички управуван од Љ.Г. (51) од Охрид, патничко моторно возило „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки управувано од Е.Љ.(22) од Охрид, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки управувано од А.Џ.(46) од Струга и товарно моторно возило „сканија“ со охридски регистарски ознаки управувано од Т.Ѓ.(38) од охридското село Вапила.






– Од здобиените повреди во незгодата на пат кон болница починал сопатникот од возило „фолсваген голф“, Х.Г.(78) од Охрид Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Г. а со телесни повреди се здобиле А.Џ. и Е.Љ. хоспитализирани во болницата „Свети Еразмо“- информира МВР.

Причините за незгодата ќе ги утврди увидот што го изврши увидна екипа од СВР Охрид.

 

Поврзани содржини