ЕДЕН СОВЕТ ОД ЃОКОВИЌ ЗАСЕКОГАШ ГО ПРОМЕНИ СИНЕР Тренерот на Италијанецот раскажа за несебичноста на српскиот ас

Не е дека не знаевме дека на Јаник му е потребно сè што нè советуваше Новак. Нешто друго беше важно. Фактот дека Јаник го слушна тоа од устата на Новак, му ја даде потребната верба за сè што требаше да направи, вели тренерот на Италијенаецот за ретката средба со српскиот тениски ас по полуфиналето на Вимблдон во 2022 година.

742

Еден совет кој тенискиот ас Новак Ѓоковиќ му го упатил на својот млад колега Јаник Синер му помогнал на Синер да се промени и да го трасира својот пат кон успехот. Според тренерот на Синер, Дарен Кејхил, Новак му рекол на Италијанецот да има повеќе варијации во играта, да го подобри сервисот и почесто да доаѓа до мрежата.

Кејхил објасни како влијаело тоа на Синер:






– Не е дека не знаевме дека на Јаник му е потребно сè што нè советуваше Новак. Нешто друго беше важно. Фактот дека Јаник го слушна тоа од устата на Новак, му ја даде потребната верба за сè што требаше да направи. Советот на Ѓоковиќ пред три години многу ни помогна да работиме на тоа и да ја промениме играта на Јаник – истакна Кејхил.
Три години подоцна, Синер е незапирлива сила, а неодамна, на Ролан Гарос, го победи и Ѓоковиќ, па сега може да каже дека има подобар резултат во меѓусебните средби со него – 5:4.

Клучниот момент се случил во четврт-финалето на Вимблдон во 2022 година кога се пресметуваат Ѓоковиќ и Синер. Тоа им беше второ пресметување. Синер во тој момент беше 13. тенисер во светот.

Во мечот, Синер имаше неверојатна предност од два сета, но Србинот успеа да излезе на крај со него.

– Кога Новак го победи Јаник во пет сета во полуфиналето на Вимблдон 2022, отидовме директно кај него и го прашав за мислење. Повеќето други играчи би рекле, тој е одличен тенисер. Добро се снаоѓа, само нека продолжи да работи напорно. Празни зборови. Но, Новак не е таков – вели тренерот Кејхил раскажувајќи како Новак нему и на Синер им ги предал тајните на добрата игра.

Поврзани содржини