Еден починат и 18 новозаразени
Регистриран е 31 оздравен пациент, а има еден починат - 61-годишен скопјанец, кој починал во болнички услови.
Во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.
Како што е наведено во соопштението, осуммина заразени се од Скопје, петмина од Куманово, двајца од Кочани, и по еден во Тетово, Крива Паланка и Кратово.
Регистриран е 31 оздравен пациент, а има еден починат – 61-годишен скопјанец, кој починал во болнички услови.
„Направени се 2.411 тестови преку: ИЈЗ-148, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-50, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–32, МАНУ-56, Жан Митрев (Филип Втори)-158, Авицена-177, Биотек-304, Систина-129, лабораторија Лаор-226, Синлаб-19, Ремедика-81, Плодност–50, Генеа–50, Никоб лаб-202, ВФВ Медикал-37, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 526. Досега во земјата се направени вкупно 823.776 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.487, бројката на оздравени пациенти е 149.582, на починати е 5.468, а бројот на активни случаи изнесува 437“, соопшти Министерството за здравство.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)