ЕДЕН ПАЦИЕНТ СЕ ВРАЌА ОД АВСТРИЈА Странски тимови за рехабилитација пристигнале во нашите центри

Во странските медицински центри остануваат да се третираат 80 пациенти, од кои двајца се третираат амбулантски, а нема промена во нивната состојба во однос на минатите денови.

106

Министерството за здравство информира дека еден пациент од повредените лица од пожарот во Кочани кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска се враќа во земјава, по што согласно протоколите ќе биде задржан под 24-часовен надзор.

Со тоа, во странските медицински центри остануваат да се третираат 80 пациенти, од кои двајца се третираат амбулантски, а нема промена во нивната состојба во однос на минатите денови.






Во изминатото деноноќие на Клиниката за пластична хирургија е примен пациент кој е вратен од Грција и по неопходните испитувања ќе биде пуштен на домашно лекување. Во моментов на оваа Клиника се хоспитализирани тројца пациенти.

Во изминатото деноноќие нема згрижени пациенти на Клиниката за токсикологија.

Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 3 пациенти, а во Хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ остануваат 6 пациенти кои се хоспитализирани на одделение.

На Клиниката за пулмологија се хоспитализирани двајца пациени, додека во приватните установи останува непроменета состојбата со бројот на хоспитализирани пациенти.

Пристигнати се и тимови од странство со големо искуство во областа на рехабилитација на пациенти со изгореници кои во моментов прават евалуација на просторните услови, апаратурата во неколку центри за рехабилитација на пациенти со изгореници.

Министерството за здравство соопшти дека останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и во странство, со цел да се обезбеди најдобра можна нега за секој пациент од повредените од несреќата во Кочани.

Поврзани содржини