ЕДЕН НАДЗОРНИК НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ЌЕ ЗЕМА ПЛАТА КОЛКУ 40 УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ Најмалку 5 „специјалисти“ по 36.500 евра месечно за 5 години ќе потрошат 11 милиони евра
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, денеска покажа страници од договорот за коридорите, добиени од укажувачи, во кои е наведено дека ќе бидат ангажирани специјалисти за надзор со месечни плати од по 36.500 евра.
– Сумата за платата е точно наведена, но не и бројот на специјалистите за надзор! Ќе се ангажираат надзорници за спецификации за автопати, студии за животната средина, за заштитените богатства од УНЕСКО во Oхридско, за разгледување на спецификациите на патиштата, или најмалку 5 специјалисти со плата од по 36.500 евра месечно. Најмалку 5 надзорници, според бараното, за најмалку 5 години работа, колку што е потпишан договорот тоа значи дека цели 11 милиони евра ќе бидат исплатени вон договорената сума – изјави Стоилковски.
Тој праша кј ќе ги избира овие надзорници, дали Владата во целост или можеби ДУИ и СДС си го поделиле колачот од по 36.500 илјади евра месечната плата за еден надзорник.
– Месечната плата на еден ваков надзорник е еднаква на 40 плати на универзитетски професори во Македонија. Во Македонија 85% од вработените земаат плата помала од просечната. Македонија е држава во која што три месеци немаше ленти за дијабетичари, држава во којашто нема отпечатени свидетелства за ученици. И Македонија ќе дели 36.500 евра месечна плата за еден надзорник, пари повторно издвоени од Буџетот на Македонија. 11 милиони евра за плати за 5 надзорници специјалисти. Овие пари се вон договорената 1 милијарда и 300 милиони евра – рече Стоилковски, додвајаќи дека ова е основа за можен криминал, а голем дел од парите да завршат во приватни или партиски џебови и потоа да бидат употребени за изборен поткуп.