ЕДЕН ХОТ-ДОГ ВИ КРАТИ 36 МИНУТИ ЖИВОТ Заменете барем 10 отсто од месото со зеленчук, велат научниците

Добрата вест е дека ако замените само 10 отсто од месото што го секојдневно го внесувате во организмот, тоа ќе ви додаде 48 минути, па некако ќе ги избалансирате минусираните 36, пишува Футуризам. На пример, само една краставица може да додаде 10 минути. Истражувањето е правено врз информации за исхраната во последните 30 години од секоја земја во светот.

969

Неверојатни 36 минути може да ви скрати јадењето на еден хот-дог, вели ново шокантно истражување објавено во Nature Food. Хот-догот е меѓу најштетната храна од 5.853 јадења во светот, а добрата вест е дека ако замените само 10 отсто од месото што го секојдневно го внесувате во организмот, тоа ќе ви додаде 48 минути, па некако ќе ги избалансирате минусираните 36, пишува IFL Science.

Една краставица додава 10 минути






Но, како можат научниците да го пресметаат влијанието на храната во минути? Оливие Џолие и Катерина Стилијану за својата студија користеле нешто што се вика Нутриционистички здравствен индекс. Тој бил развиен од Виктор Фулгони кој се водел од студијата  „Глобален товар на болеста“ – таму имало информации за исхраната и начинот на живот секоја земја во светот во последните 30 години.

Загадувањето и нашата средина влијае на храната

Џолие и Стилијану не застанале само на храната, нив ги интересирало како климатските промени, загадувањето, квалитетот на водата и други фактори влијаат заеднички со храната врз нашето здравје. Тоа значи нови парамтери и табели. Резултатот бил следен: храната ја поделиле во три категории: „стоп“, „продолжете со претпазливост“ и „можете да го јадете“, како семафор во три бои. На пример, „стоп“ често стоело кај преработените меса, „продолжете со претпазливост“ кај гумените бомбони, а „можете да го јадете“ кај повеќе овошја и зеленчуци.

Веганството не е ни оддалеку најдобрата опција

Добрата вест од ова истражување е дека тоа докажува дека екстремните диети и целосното откажување од месо, како што се вегетаријанството и веганството не се најдобрата опција. Некои од веганските опции фунцкионираат добро во анализата, но бројките покажуваат дека не мора да се откажете од месо за да бидете здрави. Напротив, шарените бројки упатуваат на сештојадна диета, која вклучува и храна од животинско потекло за целосен потенцијал на телото.

Поврзани содржини