ЕДЕН ДЕН ВОЈНА ИЗРАЕЛ ГО ЧИНИ 246 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Конфликтот со Хамас ја празни државната каса

Израелскиот министер за финансии посочи дека намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата од страна на агенцијата Стандард и Пурс (Standard & Poor's) од „стабилен“ на „негативен“ нема да има значително влијание, но дека тоа треба да се земе предвид.

245

Израел подготвува ребаланс на буџетот бидејќи актуелниот не може да ги покрие дополнителните трошоци поради војната во Газа. Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич соопшти дека буџетот на земјата за 2023-2024 година „повеќе не е соодветен“ поради конфликтот и дека ќе биде променет, пренесоа британските медиуми.

Според Смотрич, дневните трошоци за војната на Израел во Газа изнесуваат една милијарда шекели (246 милиони долари), не вклучувајќи ги индиректните штети поврзани со забавувањето на економската активност и деловната парализа поради мобилизацијата на стотици илјади резервисти и секојдневното гранатирање.






Израелскиот министер за финансии посочи дека намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата од страна на агенцијата Стандард и Пурс (Standard & Poor’s) од „стабилен“ на „негативен“ нема да има значително влијание. Смотрич, сепак, изјави дека тоа треба да се земе предвид и додаде дека не очекува земјата да акумулира голем дефицит поради војната.

Тој го пофали гувернерот на израелската централна банка, Амир Јарон, кој требаше да се повлече, но поради кризата го продолжи својот мандат „за колку што е потребно“.

Конфликтот во Израел изби по изненадниот напад на Хамас на 7 октомври и досега однесе илјадници жртви на двете страни, уништени јавни и станбени објекти и огромна материјална штета.

Поврзани содржини