Еден ден ќе ве стигне одговорноста и тогаш ќе бидеме многу лути!
Еден ден, а на сите им доаѓа тој, ден нема да бидат 14, 140, 1.400 семејства... Ќе бидат многу и лути. Тогаш нема да се доволни ни оставки ни козметички промени.
Власта во нашата земја предобро нѐ знае.
Денес уште малку ќе повикаме за одговорност и за оставки, утре уште помалку, до понеделник ќе има нова глупост да се занимаваме и толку ќе е.
Истрагата ќе е трета, четврт вест. Ќе се формира комисија да го потврди наодите на првата, ќе поминат месеци и сите ќе си живееме несреќно.
Освен власта, со нас сѐ пресреќни.
По некое време ќе останат семејствата само во болка и тага, со изгубени блиски, со горчина.
Ама власта во нашата земја не се плаши од 14 семејства. Што се тие против нивната моќна машинерија на медиуми, ботови, платеници? Ако кренат галама и на семејствата ќе им се пуштат, немаат проблем ни преку мртви ни преку живи да газат…
Еден ден, а на сите им доаѓа тој, ден нема да бидат 14, 140, 1400 семејства. Ќе бидат многу и лути. Тогаш нема да се доволни ни оставки ни козметички промени. Кои ќе бегаат ко глувци по багажници во странство, кои ќе шетаат ко Миле секој ден по судови, ќе се жалат на политички прогон, ќе цвикаат.
И нивните пци ќе шептат ко оние на Груевски ко го снема „Абе доста им беше, стварно многу искрадоа”… Со наведната глава.
Дотогаш уживајте во одложена одговорност. Ако не ја сносите сами, не значи нема да ве стигне.
(ФБ статус на авторот)