ЕДЕН АПАРАТ ВО ЕВРОПА ГОДИШНО ВРШИ ДО 9.000 СНИМАЊА, КАЈ НАС ЕДВАЈ ПО 2.800 Наместо европско, СДСМ и ДУИ донесоа крахирано здравство

Бројот на апарати за магнетна резонанца во периодот од 2017 година до 2022 година е дуплиран, но бројот на прегледи не е зголемен, а апарарите се неискористени, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

304

Крахот на македонското здравство под раководство на СДСМ и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување на термини, егзодус на лекарите и до непостоење на систем на квалитетни здравствени услуги, соопшти владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ системски го уништувала македонското здравство во изминатите 7 години.  Во Извештајот на Државниот завод за ревизија е утврдена недоволна искористеност на апаратите за магнетна резонанца. СДСМ и ДУИ до толку го урнисаа здравството, што ги оставиле граѓаните да чекаат со месеци за магнетна резонанца, иако за тоа немало потреба. Бројот на апарати за магнетна резонанца во периодот од 2017 година до 2022 година е дуплиран, според извештајот на ДЗР, но бројот на прегледи не е зголемен, а апарарите се неискористени. ДЗР нотира и еден апарат кој е донација, а воопшто не бил ставен во функција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Наместо брзи термини, навреме и без чекање, се додава во соопштението, здравството под раководството на СДСМ и ДУИ направило хаос во системот со термини. Во системот со години се внесувале помалку термини, како последица на дефекти на апаратите и поради необучен кадар, а на огромна штета и агонија на пациентите кои не добивале услуга.

„Бројот на снимања по апарат во Македонија е далеку под европскиот просек. Имено, еден апарат во просек има 2.800 снимања годишно, а европскиот просек е од 4 до 9 илјади. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги санира штетите од владеењето на СДСМ и ДУИ во здравството и е посветена на подобрување на условите за работа во интерес на сите граѓани“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини