ЕДЕН ЈА ПРОКОЦКАЛ ЖЕНАТА, ДРУГ ПЛИВАЛ СО КРОКОДИЛ Ова се најбизарните работи што луѓето ги правеа за време на Мундијалите!
Една од поинтересните приказни од книгата се случила во 1994 година, имено, Албанец влегол во обложувалница и ја прокоцкал сопругата за победата на Аргентина против Бугарија.
Човек скокнал во река преполна со крокодили за да набави билети за Светското првенство во 2010 година, играч на Уругвај се вратил на теренот веднаш откако доживеал срцев удар, а двојка од Русија раскинала откако се расправале кој е подобар играч, Лионел Меси или Кристијано Роналдо.
Ова се дел од необичните факти кои аргентинскиот писател Лучијано Вернике ги собра во најновата верзија на неговата книга „Неверојатни приказни за светските првенства“, објавена на 20 јазици, пред отворањето на Светското првенство во Катар.
Вернике гледа на покривањето на најважниот спортски настан во светот од различни перспективи.
– Дури и најмалите приказни некако опишуваат што е страст за фудбалот – тврди Лучијано.
Една од поинтересните приказни од книгата се случила во 1994 година, имено, Албанец влегол во обложувалница и ја прокоцкал сопругата за победата на Аргентина против Бугарија.
Неговиот тим загуби со 2-0, што подоцна доведе до загуба на неговата згрозена сопруга.
Шеснаесет години подоцна, една јужноафриканска радио станица понудила две влезници за финалниот натпревар на оној кој ќе направи најлудо нешто за да ги добие.
Победник бил човекот кој се фрлил во река полна со крокодили.
Ова е трето издание на книгата на Вернике, а тој веќе собира бизарни пикантерии на претстојниот турнир во Катар, прв што ќе се одржи во земја од Блискиот Исток.